Копчиња за Mozilla Firefox
Помогнете ни да го направиме Интернет подобро место ширејќи ја пораката на Firefox, со поставување на копчиња на вашиот веб-сајт или блог и охрабрувајќи ги корисниците да го преземат Firefox. Да се учествува е едноставно и бесплатно. Сепак, секоја употреба на овие копчиња мора да биде во согласност со правилникот за трговски марки на Мозила Особено, прегледајте ја секцијата за поставување врски.
Следете ги следниве неколку чекори за да започнете:
-
Земете ги копчињата
Изберете го копчето што сакате да го прикажете на вашиот веб-сајт или блог.
-
Поставете ги копчињата
Копирајте го изворниот код и вметнете го било каде на вашиот веб-сајт или блог, за да поставите врска до страницата за преземање на Firefox.
-
Чувствувајте се добро
Чувствувајте се горди, знаејќи дека Вие го распространувате Firefox низ светот!